Breaking News

Преку „Систем 48“ лани решени 710 проблеми на граѓаните на Струмица


Преку општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ лани биле решени 710 проблеми од вкупно пријавените 765 од страна на граѓаните, информираа денеска од Општина Струмица.


Според информацијата од локалната самоуправа, за останатите 55 е потребно повеќе време и истите се проследени до надлежните служби и се во процес на решавање.


Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ биле од областа на уличното осветлување-601, собирање смет-69, водовод и канализација-46, паркови и зеленило-40, општински инспекциски служби-1 и 8 за улици, патишта и тротоари.

Додаваат дека целта на општинскиот сервис „Систем 48“ е зголемување на транспарентноста на јавно достапните услуги кои ги нуди Општина Струмица, подобрување на нивниот квалитет и професионално решавање на пријавените проблеми.


Од „Систем 48“, пак, им благодарат на граѓаните за користењето на нивните услуги и истовремено апелираат да продолжат и понатаму да го користат бесплатниот телефонски број 080014848 за пријавување на проблемите со коишто се соочуваат, а кои се во надлежност на Општината, јавниte претпријатија и институции.рт/

Струмица, 27 јануари 2023 (МИА)