Извор фото: Бизнис Инсајдер

Премиерот Заев и министерот Бектеши: Продолжуваат консултациите помеѓу институциите, пазарџиите и другите засегнати страни со цел да се изнајдат взаемно прифатливи решенија


Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за економија, Крешник Бектеши вчера се сретнаа со граѓани кои работат на пазарите чиешто здружение е во процес на формирање и регистрација.

На средбата премиерот Заев и министерот Бектеши ги слушнаа аргументите и барањата на граѓаните што работат на пазарите и ги потврдија заложбите на Владата на Република Македонија дека гласот на граѓаните се слуша при носењето на одлуки кои треба да бидат во интерес на граѓаните.

Премиерот Заев рече дека Законот за зелени пазари се одложува за една година и беше постигната согласност дека ќе продолжат консултациите помеѓу институциите, пазарџиите и другите засегнати страни со цел да се изнајдат взаемно прифатливи решенија кои ќе бидат во интерес на пазарџиите и сите засегнати страни кои работат во оваа област, во насока на воспоставување на ред, намалување на нелојалната конкуренција и регулирање на дејноста.


Видете следно

Немањето побарувачка има најголемо влијание врз ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност

Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во …