Премиерот Заев и министерот за здравство Филипче пред специјализантите: Младите луѓе се движечка сила на општеството


Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во присуство на министерот за здравство, д-р Венко Филипче, пратеничката во Собранието и стоматолог по професија, д-р Мери Лазарова, како и претставници од здруженијата на специјализанти и млади доктори, се обрати на панел дискусијата организирана од Министерството за здравство, „Инвестираме во младите доктори, иднината на здравството во Република Македонија“

Истакнувајќи дека иднината на Македонија е во младите луѓе, Премиерот Заев потенцираше дека политиката на Владата на Република Македонија и на Министерството за здравство се исклучиво во насока на задржување на докторите во земјава.

„Владата на Република на Република Македонија донесе предлог програма за едукација на лекари и медицински персонал и за кофинансирање на специјализациите, односно супспецијализациите на здравствените работници вработени во приватни здравствени установи за 2019-тата година. Како резултат на имплементацијата на оваа програма, пациентите ќе добиваат здравствени услуги по највисоки стандарди, младите доктори значително ќе се доусовршат со што навреме и прецизно ќе се дијагностицираат болестите. За оваа намена обезбедивме доволно средства во Буџетот на Република Македонија за следната година“, рече Премиерот Заев.

Тој, исто така, на младите доктори им посочи и дека заложба на Владата е до 2020-тата година платите на докторите специјалисти во терциерното здравство да се зголемуваат постепено и да достигнат износ од најмалку 100 илјади денари.

„Знам дека промените веќе ги чувствувате. Специјализантите кои се пријавиле на конкурсите пред почетокот на оваа година, вклучувајќи ги и кофинансираните, веќе добиваат плата. А од овој месец плата ќе добиваат и оние од вас кои се пријавиле на конкурсот во јануари годинава“, додаде Премиерот Заев.

Видете следно

Заменик министерот за образование и наука ја промовираше книгата NYJET MULTIETNIKE MAQEDONASE (МАКЕДОНСКИ МУЛТИЕТНИЧКИ ЈАЗЛИ)

Во просториите на Универзитетот во Тетово на 19 септември 2018 година беше промовирана книгата NYJET …