Премиерот Заев и Могерини: Поддршката и отворените врати на ЕУ се инспирација за одлука на 30 септември со која граѓаните ќе се гордеат во сите идни години


Во посета на нашата земја престојува Високата претставничка за безбедност и надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини која допатува заедно со Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, кој, пак, вчера имаше свое обраќање во Европскиот Парламент, како прв македонски премиер.

Веднаш по слетувањето на скопскиот аеродром, премиерот Заев и Високата претставничка за безбедност и надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, во придружба на заменик претседателот на Владата на РМ за европски прашања, Бујар Османи, министерот за надворешни работи на РМ, Никола Димитров и амбасадорот на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар, ја посетија старата скопска чаршија.

По обиколката и разговорите со граѓаните, двете делегации се задржаа на куса средба во една од чајџилниците на чаршијата.

Во изјавата за медиумите што следуваше потоа, премиерот Заев уште еднаш и посака топло добредојде на Високата претставничка за безбедност и надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, и истакна дека таа, со оваа посета, уште еднаш ја сподели нејзината силна лична поддршка на нашиот пат кон Европската Унија, и со тоа ги потврди сите наши напори да го оствариме тоа.

„Нивната одлука да ги остават отворени портите на европското семејство за нашата земја беше од пресудно значење за нас, силна мотивација да ја завршиме нашата домашна работа, и пред сè, и над сè – да го решиме спорот со Грција. Сега ние, граѓаните на Република Македонија, треба да покажеме заедништво и одлучност на претстојниот референдум на 30 септември, да донесеме одлука за Договорот, да донесеме одлука за нашата иднина“, рече премиерот Заев во изјавата медиумите.

Претседателот на Владата на РМ Заев нагласи дека оваа посета на Високата претставничка за безбедност и надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини не потсетува дека европската идеја е силна инспирација да ги решаваме горливите отворени прашања во регионот, и дека Република Македонија е јасен пример како силната верба во нашата европска иднина може да биде клучниот мотив за постигнување на историскиот договор со Грција, и на тој со Бугарија.

Видете следно

До десет илјади евра неповратни средства за младите земјоделци преку Програмата за рурален развој

Сите млади земјоделци кои имаат до 40 години и  се запишани во Единствениот регистар на …