Премиерот Заев на средба со кинескиот премиер Кечијанг: Постои интерес за унапредување на економската и трговска соработка помеѓу Република Северна Македонија и НР Кина


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев со владината делегација што ја предводеше, оствари средба со Претседателот на Владата на Народна Република Кина, Ли Кечијанг и кинеската владина делегација на маргините на Осмиот Самит на шефови на влади од процесот за соработка на Народна Република Кина со земјите од Централна и Источна Европа (16+1).

Премиерот Заев на средбата ја потенцираше важноста на поддршката којашто во континуитет Народна Република Кина ѝ ја пружа на Република Северна Македонија од независноста до денес и нагласи дека Република Северна Македонија продолжува да ја поддржува политиката на една Кина.

Премиерот на НР Кина, Ли Кечијанг го поздрави решавањето на билатералниот спор со Грција и рече дека тоа е резултат на лидерството на двете земји и мудроста на граѓаните да бидат насочени кон иднината. Во таа насока кинескиот премиер Кечијанг порача дека НР Кина ги поддржува напорите на нашата земја за интеграција во Европската Унија.

Двајцата премиери изразија интерес за унапредување на трговската и економската соработка помеѓу НР Кина и Северна Македонија во областа на инфраструктура, земјоделството, енергетика, образование, култура и туризам.

Премиерот Заев нагласи дека Договорот помеѓу двете влади за заедничко признавање на академски дипломи и други образовни сертификати е во финална фаза и беше нагласена заложбата дека продолжува соработката помеѓу двете земји.

На крајот од средбата со кинескиот премиер премиерот Заев изрази задоволство што Скопје е назначен за седиште на Координативниот центар за културна соработка од процесот на соработка 16+1 и го информираше кинескиот премиер Кечијанг дека Скопје ќе биде домаќин на „Форумот за култура“ во рамки на процесот 16+1 од 19-ти до 21-ви ноември оваа година.



Видете следно

Октомври, месецот на штедење идеален да почнете да размислувате за посигурни пензионерски денови

Во денешни услови евидентно е дека луѓето живеат подолго и поздраво, така што, со оглед …