Премиерот Заев на средбата со амбасадорот на Руската Федерација Бездникин: Измамата на руските граѓани нема никакво влијание на односите меѓу двете земји


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев вчера го прими амбасадорот на Руската Федерација во нашата земја Сергеј Александрович Бeздникин.

Средбата е остварена непосредно по свеченоста по повод пуштањето на новиот објект на компанијата Лукоил, што ги потврдува развојните планови на оваа руска компанија и укажува на можностите за унапредување на натамошната економска соработка меѓу двете земји.

На средбата е констатирано дека еден од инструментите за засилена динамика на трговската и економската соработка е интензивирањето на работата на Меѓувладината комисија за економска соработка.

Во врска со измамата со телефонски разговори од страна на двајцата руски граѓани, взаемно беше изразено жалење за случајот и потврда дека тоа нема да влијае врз билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација.


Видете следно

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2019 година изнесува 3.6 %

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) …