Претпладне со локални врнежи од дожд, попладне со сончеви периоди


Времето во земјава ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд. Попладне врнежите ќе престанат и ќе има повеќе сончеви периоди. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.


Во Скопје, претпладне променливо облачно со повремен дожд. Попладне облачноста ќе се намали и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 13 степени.

Во среда претпладне ќе има престанок на врнежите и повеќе сончеви периоди. Пообилни врнежи од дожд повторно ќе има во четврток, кога поради спуштање на студена воздушна маса, на планините во северозападните делови ќе врне снег. Повремено ќе дува засилен северен ветер.


Скопје, 12 октомври 2021 (МИА)


Видете следно

Антологиското дело на Рајх за првпат со Филхармонија

Овој четврток, во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го изведе антологиското дело на американскиот …