Претрес во Струмичко, пронајдена марихуана


На 18.10.2021 година врз основа на Наредба за претрес на дом и други простории издадена од Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица полициски службеници од СВР Струмица- НК за КР-ЕНТ во координација со Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи извршиле претрес во домот на лицето О.И. (20) од с. Свидовица, струмичко, при што пронашле марихуана и гранки од растението Cannabis.
Од страна на СВР Струмица по целосно документирање на случајот до надлежното Јавно обвинителство ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.


Видете следно

Почна украсувањето на Охрид за новогодишните и божикните празници

Во централното градско подрачје и на пофреквентните улици и крстосници на Охрид почна украсувањето со …