Breaking News

Претседателката на Косово Османи Садриу на инаугурација на улицата „Ибрахим Ругова“ во Општина Чаир


Претседателката на Косово, Вјоса Османи Садриу денеска ќе присуствува на инаугурација улицата со името „Ибрахим Ругова“ (поранешен „Славеј Планина“) во Општина Чаир.


Од Општина Чаир најавија дека косовската претседателка ќе ја посети и Старата чаршија, а ќе положи цвеќе кај Споменикот на Ѓерѓ Кастриот-Скендербег и бистата на Хасан Приштина. цр/сп/


Фото:МИА

Скопје, 27 април 2023 (МИА)