Breaking News

Претседателот на АА, Арбен Таравари, повикува на смирување на тензиите меѓу Северна Македонија и Бугарија


Претседателот на Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари, повика да се дејствува смирено и да се смират тензиите во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, коишто ескалираа по несаканите инциденти во Охрид.
Истакнувајќи дека овие настани се следат со големо внимание и загриженост, Таравари преку објава на Twitter ги повика институциите да се воздржат од изјави коишто водат кон дополнителни тензии.
“Вознемирен од зголемувањето на политичките тензии меѓу Северна Македонија и Бугарија, ги повикувам нашите институции да се воздржат од изјави коишто водат кон дополнителни тензии и да се ангажираат конструктивно да придонесат во спроведувањето на договорот за добрососедство и европската интеграција на земјата”.-пишува Арбен Таравари, Претседател на АА.