Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини оствари официјална средба со првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин


Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини денеска оствари официјална средба со првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин во Швајцарија.

“Среќни сме што во УЕФА имаме одличен партнер и на тој начин со поддршка од големиот наш пријател, Александар Чеферин ќе градиме уште посилна федерација со добра структура и одлични односи со другите асоцијации.

ФФМ е нераскинлив дел од семејството на УЕФА која секогаш ќе ја помага својата база”, изјави Сејдини кој му подари дрес со неговото име на првиот човек на европската куќа на фудбалот.


Видете следно

Овчеполската житница станува извор на зелена енергија (видео)

Дел од некогашната овчеполска житница веројатно догодина ова време ќе стане извор на таканаречена „зелена …