Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски едногласно избран за претседател на Одборот на регулатори на Енергетската заедница


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, г-дин Марко Бислимоски, денес (4-ти декември 2019 година), едногласно е избран за претседател на Одборот на регулатори на Енергетската заедница (Energy Community Regulatory Board – ECRB), на редовниот состанок кој се одржува во Атина, Република Грција.

Едногласниот избор на г-дин Марко Бислимоски за оваа исклучително важна функција која ќе ја извршува во следните две години, претставува и признание за лидерската улога на Регулаторната комисија за енергетика во реформите во енергетскиот сектор во рамки на Енергетската заедница.

Претседавањето со Одборот на регулатори на Енергетската заедница од страна на г-дин Марко Бислимоски ќе овозможи уште повеќе да се зајакне улогата на Регулаторната комисија за енергетика како една од носечките институции во енергетските реформи во регионот.


Видете следно

„Бела ноќ” 2020 – изложби, концерти, перформанси и многу други културни настани во Скопје

По 16-ти пат, в сабота на 26. септември, една недела порано од вообичаеното, Скопје и …