Претседателот на црногорскиот Парламент Бечиќ во посета на Скопје


Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ќе биде домаќин на црногорскиот колега Алекса Бечиќ.

Џафери и Бечиќ ќе остварат билатерална средба, а ќе се обратат и на регионалната конференција на тема „Подобрување на дијалогот меѓу парламентите и новинарите од Западен Балкан”.


Црногорската делегација, превдодена од Бечиќ, ќе има средба и со претседателката на пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Црна Гора, Дафина Стојаноска и со нејзините членови. ев/сп/
Скопје, 26 ноември 2021 (МИА)


Видете следно

Ковачевски: Членовите на СДСМ ќе бидат одговорни да ја оценат работата на идното партиско раководство

Актуелниот кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски пред членството на партијата во општина …