Претседателот Пендаровски оствари средба со претставниците на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија


Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими претставници од Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија.

На средбата, претставниците од ова здружение го информираа Претседателот за нивните активности, како и за предизвиците со кои се соочуваат во нивната работа. Тие посочија дека се залагаат за унапредување на положбата на сестрите и акушерките на нивното работно место, проектирање на позитивен и реалистичен поглед на сестринството. Истакнаа дека лобираат на локално и национално ниво за да се развиваат и реализираат политики со кои ќе се подобрува квалитетот на негата на пациентите и со кои ќе се гради важноста на сестрите, акушерките и студентите по сестринство за реализирање на резултатите во здравството.


Видете следно

ОЈО Охрид поведе постапка за фалсификување исправи

Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против седум лица за сторено кривично дело Фалсификување исправа …