Претставен Samsung Galaxy S20: Променете го начинот на кој што го доживувате светот


 Galaxy S20 серијата е прва 5G линија на водечки паметни телефони на компанијата Samsung и истата носи 5G можности и технологија на камерата на база на вештачка интелигенција креирана за иднината на комуникацијата

Сан Франциско / Скопје, 11 февруари 2020 – Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. денес го претстави Galaxy S20, нова серија на водечки уреди кои ќе го променат начинот на кој што го восприемаме и доживуваме светот. Galaxy S20 доаѓа со потполно нов дизајн на камера, комбинирајќи вештачка интелигенција со најголемиот Samsung сензор досега за фотографии со совршен квалитет. Покрај камерата, Galaxy S20 прави сè што вообичаено правиме со помош на своите паметни телефони да функционира уште подобро и полесно. Така се овозможени слушање на персонализирани музички плејлисти, гледање на видео снимки во соодветниот формат и играње видео игри во движење.

„Како што влегуваме во новата деценија, 5G технологијата комплетно ќе го промени начинот на кој што комуницираме и како го доживуваме светот околу нас“, рече Dr. TM Roh, претседател и директор на одделот за мобилни комуникации во компанијата Samsung Electronics. „Како што сите три модели на новата серија, Galaxy S20, S20+ и S20 Ultra, доаѓаат со поддршка за 5G мрежа[1], Samsung на своите корисници им овозможува уреди од следната генерација кои што ќе го трансформираат животот на луѓето. Со неверојатната камера на база на вештачка интелигенција, корисниците ќе можат веродостојно да ги доловуваат своите доживувања и да се поврзат уште полесно со своите сакани.“

Промена на начинот на кој што го снимаме светот околу себе

 Денес повеќе од било кога порано го снимаме нашето секојдневие и ги бележиме моментите со помош на паметните телефони – и затоа камерата претставува најважен елемент за корисниците кога купуваат нов паметен телефон. Дизајниран да одговори на сите наши барања, Galaxy S20 претставува сосема нов систем на камера на база на вештачка интелигенција, со најголем сензор досега, за да го извлече најдоброто од секоја фотографија и од секој момент.

  • Толку јасни детали што го одземаат здивот: Со поголемиот сензор на Galaxy S20 серијата, резолуцијата на камерата е значајно зголемена, што резултира со повеќе детали и дополнителна флексибилност за уредување, сечење и зумирање на снимките. S20 и S20+ доаѓаат со камера од 64MP, додека S20 Ultra има камера од 108MP. Уште една предност на поголемиот сензор е што користи повеќе светлина, така што се добива подобар квалитет на сликата, дури и во ситуации со слабо осветлување. Galaxy S20 Ultra оди чекор понатаму со опцијата на динамично префрлување со резолуциоја од 108MP на резолуција од 12MP, благодарение на non-binning технологијата која ги комбинира деветте пиксели во еден, со посредство на сензорот.
  • Досега невидени можности за зумирање: Со Galaxy S20 Space Zoom технологијата која што користи комбинација на опциите Hybrid Optic Zoom и Super Resolution Zoom, вклучувајќи дигитален зум на база на вештачка интелигенција, корисникот може да го зголеми објектот, дури и кога е оддалечен. Сликата е можно да се зголеми и до 30 пати на Galaxy S20 и S20+, додека на S20 Ultra може да се префрли и на револуционерните свитливи леќи, кои што користат процесирање на сликите со помош на вештачка интелигенција, со цел да не дојде до опаѓање на квалитетот на сликата при висок степен на зумирање, за корисниците да можат да го искусат Super Resolution Zoom до 100 пати, со уште појасен приказ од било кога порано.
  • Single Take – Снимка од еден обид: Single Take ви овозможува да се фокусирате на моментот што сакате да го доловите. Galaxy S20 може да снима во различни режими на работа и да му помага на корисникот да направи најдобра снимка со помош на вештачка интелигенција и функција, како што се live focus, cropped, ultra-wide и други.
  • Професионални можности за снимање: Galaxy S20 поседува можност за снимање во 8K резолуција, со цел корисниците да можат да прават реалистични снимки. Кога ќе заврши снимањето, корисниците можат да го погледнат своето видео на Samsung QLED 8K телевизорот и да уживаат во најдоброто искуство на гледање содржини во класата[2] или можат да издвојат кадар од 8K видеото и да го претворат во фотографија со висока резолуција. Дури и снимките направени во нестабилни услови изгледаат како да се настанати со помош на професионална акциона камера, благодарејќи на Super Steady функцијата, anti-rolling стабилизацијата и анализата на движењата од страна на вештачката интелигенција.

 Правете го она кое што го сакате, но подобро

 Galaxy S20 овозможува да сето она што го правиме со нашите телефони да биде што поедноставно и подобро. Со новите можности и партнерства инспирирани од отворената соработка, Galaxy S20 е креиран за потребите на денешните корисници.

  • Исклучителен Video Chat преку Google Duo: Со оваа опција, можно е да се користи video chat-от уште полесно. Galaxy S20 го подобрува video chat искуството низ ексклузивна, длабока интеграција со Google Duo, носејќи го за прв пат на Galaxy S20. Сега е можно само со еден допир на бројчаникот да се направи Duo видео повик и да се ужива, за прв пат во full HD квалитет. Google Duo е компатибилен со различните оперативни системи, така што изборот со кого ќе комуницирате не е ограничен. Сега можете да го вклопите целото семејство во кадар, со помош на широките леќи и да разговарате со 8 пријатели истовремено.
  • YouTube: Samsung склопи партнерство со YouTube, за да можат корисниците да ги споделуваат своите 8K видеа со остатокот од светот и да ги закачуваат на оваа платформа.
  • Забава: Користејќи ги предностите на новата камера од професионален ранг, Netflix и Samsung склопија партнерство за да можат познати режисери да снимаат ексклузивни бонус снимки засновани на популарните Netflix Originals содржини. Корисниците исто така можат да пребаруваат низ Netflix содржините по пат на подобра интеграција со Galaxy уредите, овозможувајќи им лесно да пребаруваат преку Samsung Daily, Bixby и Finder апликациите.[3]
  • Gaming: Galaxy S20 дополнително ќе го унапреди искуството за мобилен gaming. Со екран од 120Hz на корисниците им е овозможено неверојатно и непрекинато играчко искуство. Подоцна оваа пролет Microsoft, партнер на компанијата Samsung, ќе го лансира својот популарен Forza Street во рамките на Galaxy Store, што ќе биде прв пат оваа игра да дојде и на мобилни телефони. Во комбинација со брзиот процесор, 12 GB RAM[4] меморија, звукот кој што го создава AKG и game booster системот кој е задолжен за оптимизација на подесувањата и врвниот перформанс, Galaxy S20 Ultra ќе овозможи моќно играчко искуство.

Неограничени можности

Како најнов водечки уред на компанијата Samsung, Galaxy S20 користи премиум технологија која што љубителите на Galaxy уредите ја очекуваат. Најбезбедниот уред кој Samsung некогаш го направил, Galaxy S20 е заштитен со Knox систем – водечка платформа за безбедност на мобилни уреди, која го штити телефонот од ниво на чип сè до софтверско ниво. Galaxy S20 има и нов безбеден процесор, под името Guardian Chip, кој штити од напади на база на хардвер.

[1] Проверете ја достапноста и деталите со операторот.

[2] 8K streaming е достапен на Samsung QLED 8K телевизорите од 2019. и 2020. година.

[3] Bixby ќе биде достапен само во Кореја и во САД. Достапноста може да варира во зависност од моделот, операторот и пазарот.

[4] Достапноста може да варира зависно од регионот или од операторот.


Видете следно

Помпео ги пофали Гугл, Фејсбук и Твитер поради Хонгконг

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ги пофали денеска Гугл, Фејсбук и Твитер бидејќи одбиле да …