Претставници на Асоцијацијата за цистична фиброза на средба со министерот за финансии


Претставници на Асоцијацијата за цистична фиброза штотуку беа повикани на состанок со министерот за финансии. Пациенти со цистична фиброза денеска протестираат пред Министерството за финансии бидејќи, како што велат, немаат одговор од надлежните институции, до каде е набавката на лекот „трикафта“ за сите на кои им е неопходна.


Претседателот на Асоцијацијата за цистична фиброза, Фики Гаспар во изјава за медиумите претходно појасни дека протестот е пред Министерството за финансии, затоа што сметаат оти доколку се обезбеди буџетот, работите ќе бидат многу побрзи.


Неофицијално, како што изјави Гаспар, на Влада поминала одлука уште 18 пациенти да го добијат лекот.

– Тоа е за поздравување, но, ние го бараме за сите пациенти за да нема несигурност и страв кај пациентите. Ако е точно, ќе има страв дали се во таа бројка, кога ќе дојде за нив, подвлече Гаспар.


Во моментот, „трикафта“ примаат 12 лица. бд/бак/

Фото: МИА


Скопје, 3 мај 2023 (МИА)