Презентација на истражувањето „Зошто младите заминуваат надвор од државата”


На Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе бидат презентирани резултатите од спроведеното истражување „Зошто младите заминуваат надвор од државата”.

Младите се незадоволни од своето место во државата, се поголем број од нив сакаат да ја напуштат Македонија. Неверојатни 58% од младите велат дека би се иселиле од земјава, а 64,8% се незадоволни од своето место во општеството. Ова се само дел од загрижувачките резултати од студијата на Фондацијата за Демократија на Вестминстер направена врз околу 1.000 испитаници.


Резултатите од пописот покажаа дека за 20 години вкупното население во Македонија се намалило за 185.834 лица или за 9,2%, додека податоците од истражувањето на Фондацијата за Демократија на Вестминстер говорат дека 58% од младите во земјава сакаат да заминат во странство.

Иако одливот и иселувањето од Македонија најчесто се поврзуваат со потрага по заработувачка, сепак последните анализи покажуваат дека причините зошто младите имаат недоверба во својата држава и заминуваат надвор од неа се многу посуштински и подлабоки.



Видете следно

МОТ: Меѓусекторска соработка и инвестирање во сите региони за поголема успешност на мерката Гаранција за млади

На Меѓународниот ден на младите – 12 август, Меѓународната организација на трудот (МОТ) ги презентира …