Презентација на средните стручни училишта во ОУ„Блаже Конески“ во Скопје


Со цел подобрување на имиџот на средното стручно образование и потикнување на младите да се запишуваат во средните стручни училишта и да ги изучуваат занаетчиските занимања кои нудат перспектива и вработување пред деветтооделенците и нивните родители во Основното училиште „Блаже Конески” во Општина Аеродром ќе бидат презентирани средните стручни училишта од град Скопје кои ќе ги претстават струките и профилите.

Како што најавија од Занаетчиската комора на Македонија, на настанот ученици од средните стручни училишта АСУЦ „Боро Петрушевски”, ЕТУЦ „Михајло Пупин”, СУГС „Димитар Влахов”, СУГС „Лазар Танев” СУГС „Георги Димитров” и СУГС „Марија Кири Склодовска” на штандови ќе вршат презентација со практично работење во струките и профилите кои ги нудат училиштата за упис во средно образование.


На настанот ќе биде присутна градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски и занаетчии од сите сектори на занаетчиско производство и занаетчиски услуги.

Присутните ќе го посетат и базарот организиран од страна на училиштето на занаетчиски производи изработени од учениците од I до IX одделение во ОУ „Блаже Конески”. сст/мд/



Видете следно

МОТ: Меѓусекторска соработка и инвестирање во сите региони за поголема успешност на мерката Гаранција за млади

На Меѓународниот ден на младите – 12 август, Меѓународната организација на трудот (МОТ) ги презентира …