Breaking News

При крај подготовките за ревидирање на позитивната листа на лекови, за една недела ќе може да се аплицира


При крај се подготовките за ревидирање на позитивната листа на лекови и за околу една недела, заинтересираните компании ќе бидат повикани да аплицираат.


Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска изјави дека станува збор за голема проблематика, што трае над 10 години, а со ревидирањето на листата пациентите ќе добијат најквалитетни лекови.


– Деновиве сме при крај со сите подготовки и мислам дека за една недела ќе бидат повикани сите групи на компании за да аплицираат и еднаш засекогаш пациентите да почнат да користат најквалитетни иновативни и ефективни лекови со цел да имаме поздраво население.

Комисијата е формирана одамна. Последните подготовки се во тек и ќе почне да се аплицира, после тоа ќе се одлучува, нормално. Се разбира, од сите аплицирања ќе се види кој лек е најпотребен.


Тоа ќе го прават нашите експертски групи што ќе ги избереме во комисиите, одговори Меџити, на новинарско прашање до каде е процесот за ревидирање на позитивната листа на лекови.

На прашање дали комисијата работи со финансиски надомест или доброволно, министерот одговори дека најверојатно ќе биде со надомест. бд/лв/Фото: МИА .


Извор: МИА