Придобивките од студирање на еден од најреномираните универзитети во државата


Високото образование веќе станува императив за конкурентност на пазарот на трудот, како и за добивање на посакуваното работно место. Она што носи дополнителни придобивки и дава поголема вредност на профилот на работникот е дополнителното усовршување со магистерски студии кои несомнено ве ставаат на едно скалило повисоко во очите на работодавачот. Покрај ова, поседувањето на применливи вештини кои се стекнати во текот на образованието се подеднакво потребни.

Една од институциите која отскокнува од останатите по својот квалитет и својата понуда на широк спектар студиски програми е Меѓународниот Балкански Универзитет. Овој универзитет, уште од 2006-та година постои меѓу високо образовните институции во нашата земја и нуди квалитетно и пред сè, применливо образование.

На универзитетот образовната дејност се врши преку 7 факултети со 18 додипломски програми кои нудат четиригодишно образовани, односно 240 ЕКТС кредити и 11 постдипломски програми кои се во времетраење од една година, односно 60 ЕКТС кредити.

Што придонесува образованието на овој универзитет да биде навистина применливо?

Студентите имаат предавања според најсовремените едукативни стандарди, во модерни амфитеатри, лаборатории, компјутерски лаборатории и предавални кои имаат се што е потребно за полесно следење на предавањето и совладување на материјалот. Предавањата воедно се и задолжителни, а тоа значи дека студентот има одреден процент на присуство кој треба да го исполни за да има право да го полага предметот. Наставниот и административниот јазик на овој универзитет е англиски, единствен универзитет кој го применува ова во нашата земја. Придобивката од настава на англиски јазик е фактот што студентот по завршувањето е подготвен за меѓународна кариера, со одлично познавање на сите потребни поими, техники и вештини од струката која ја избрал. Наставните програми се оптимален спој на теоретски и практични предавања. За успешноста на наставата и наставните програми говори и процентот на вработени студенти, во првите 6 месеци од дипломирањето, кој изнесува 90%.

За сите оние кои сакаат да го надоградуваат своето знаење, својата лична биографија и да се стекнат со титулата магистер на науки, факултетот нуди магистерски програми за Меѓународни економски односи, Бизнис администрација (MBA), Архитектура, Компјутерско инженерство, Индустриско инженерство, Настава по англиски јазик, Административно право, Клиничка психологија, Односи со јавност и Графички дизајн.

Повеќе информации може да се најдат на веб страницата на универзитетот наменета за магистерските студии која содржи и алатка за онлајн аплицирање: www.ibu.edu.mk/masters


Видете следно

Второ издание на поетската манифестација Антево слово

На 10 декември 2019 година со почеток во 19:00 часот, во спомен собата на Анте …