Приградскиот превоз е зголемен за 8.5 %


Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2018 година, во однос на истиот период од 2017 година, вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз е намален за 0.1 %. Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 6.2 %, во меѓународниот превоз за 13.4 %, додека во приградскиот превоз е зголемен за 8.5 %, а во меѓуградскиот превоз за 6.4 %.

Во однос на второто тримесечје од 2018 година, вкупниот број на превезени патници е намален за 18.4 %. Според видот на превоз, бројот на превезени патници во меѓународниот превоз е зголемен за 26.3 %, додека во градскиот превоз е намален за 19.0 %, во приградскиот превоз за 22.5 %, а во меѓуградскиот превоз за 2.2 %.

Во третото тримесечје од 2018 година, во однос на истиот период од 2017 година, вкупниот број на патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 0.5 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 5.6 %, во меѓународниот превоз за 12.8 %, додека во приградскиот превоз е зголемен за 12.3 %, а во меѓуградскиот превоз за 12.1 %.

Во однос на второто тримесечје од 2018 година, вкупниот број на патнички километри е намален за 2.2 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 31.6 %, во приградскиот превоз за 4.8 %, во меѓуградскиот превоз за 3.3 %, додека во меѓународниот превоз е зголемен за 28.1 %.


Видете следно

Подобра бизнис клима во Македонија преку реформи во секторот туризам и угостителство

Денеска, 11.12.2018 година, Стопанската комора на Македонија и другите партнери на Проектот на УСАИД „Партнерство …