Breaking News

Припадници на турската заедница во Скопје ја прославуваат победата на турскиот претседател Ердоган


Припадници на турската заедница во земјава вечерва во Скопје ја прославуваат победата на актуелниот претседател на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, кој прогласи победа во вториот круг од претседателските избори.


 Организирани со возила и турски знамиња, припадниците на турската заедница во земјава се движеа низ централното градско подрачје.


ТРТ јави дека по преброени 97,9 отсто од гласовите Ердоган води со 52, 14 отсто, додека неговиот противкандидат од опозицијата Кемал Киличдароглу освоил 47,86 отсто. ев/бак/Фото: МИА    .

Извор: МИА