Пристап до услугите на „Водовод и канализација” преку мобилна апликација


Преку мобилна апликација достапна за Android i IOS, јавното претпријатие „Водовод и канализација”-Скопје овозможува пристап до сите информации за претпријатието. Преку примена на оваа апликација, корисниците покрај можноста за плаќање сметки, пријавување состојба на водомерите и дефекти, имаат можност на едноставен и брз начин со следење на упатствата, во секој момент да направат преглед на корисничките броеви, да додадат корисник или доколку имаат промени да ги ажурираат своите податоци.

Информациите, како што посочуваат од претпријатието, се достапни и на нивната веб-страна, како и пристап до електронските сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk.

– „Водовод и канализација” – Скопје е прво јавно претпријатие кое им овозможува на своите корисници пристап до своите услуги преку мобилна апликација. За секоја дополнителна информација за услугите на претпријатието, заинтересираните граѓани може да се обратат на: 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар; 02 3240 300, Дирекција; kontakt@vodovod-skopje.com.mk; www.vodovod-skopje.com.mk; www.facebook.com/jpvodovod.skopje, велат од претпријатието.

Во Дирекција, шалтерите за наплата, во согласност со новите промени за движење, работат секој работен ден од 7:30 до 17 часот и сабота од 8 до 13 часот.

– Со цел да се заштитиме и превенираме во ширењето на коронавирусот, задолжително носете маска, држете растојание, не се групирајте и следете ги сите препораки издадени од Министерството за здравство, се вели во соопштението.

Скопје, 19 мај 2020 (МИА)


Видете следно

РАКУПЕН – ОНЛАЈН ПРОДАВНИЦА КОЈА Е СПОЈ НА ПРОДАВАЧИТЕ И КУПУВАЧИТЕ

Се на едно место – Ракупен.мк Купувањето онлајн и дигитализацијата одамна се реалност во светот. …