Приведени седум лица за автобуската несреќа кај Ласкарци


На 13 февруари оваа година автобус на компанијата Дурмо Турс со патници се преврте, и животот го загубија 15 лица, а десетици беа повредени. Поточно, автобусот на компанијата „Дурмо турс“ сообраќаше на релација Скопје-Гостивар, со 51 патник од Гостивар.

Осомничени за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот се сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, управителот на фирмата, возачот, три лица кои работеле во фирмата која правела технички преглед на автобусот и едно лица кое издавало потврда дека автобусот е исправен.

Во текот на постапката за еден месец во Основното јавно обвинителство Скопје 47 лица биле повикани на испитување.

Како причина за сообраќајната несреќа се наведува неисправноста на кочниците на автобусот и брзината со која возел шоферот, а била над дозволената од 80 километри на час. Истрагата вели дека дека во автобусот имало инсталирано уред за манипулирање со тахографот, со кој не се евидентирала точната брзината на движење на автобусот. Вештачењето покажало дека автобусот се движел со 99 километри на час, што е недозволена брзина за возило што поседува таква тежина.


Видете следно

Севкупно валоризирање на професионалниот статус на полициските службеници останува висок приоритет за МВР

„Полициската професија, без оглед за кој нејзин сегмент станува збор, е специфична и пред сè, …