Продаваат метеорит на аукција


Што ли не може да купи човек на аукција, па дури и метеорит. Да, токму така – метеорит од Марс ќе биде продаден на аукција и се очекува неговата цена да достигне 100 000 долари.

Метеоритот „Црната убавица” од Марс беше откриен во пустината Сахара во Мароко во 2011 година, пишува во „Дејли Меил”. Експертите ја утврдуваат возраста на парчето магма на околу 2 милијарди години. Официјалното име на метеоритот во Северозападна Африка е 7034 (NWA 7034).

„Црната убавица” е долга помалку од 5 см, но се очекува да биде продадена на онлајн аукцијата на „Кристи” во Њујорк за сума помеѓу 75 000 и 100 000 долари.

Метеоритите на Марс се меѓу најретките супстанции на Земјата, но „Црната убавица” е меѓу ретките кои содржат повеќе хемиски поврзана вода во споредба со други метеорити на Марс. Овој метеорит второто најстаро Марс парче што е некогаш откриено.

Тендерот ќе трае до 25 ноември. Ќе бидат продадени 30 метеорити од Марс, Месечината и астероидите од орбитата на Сонцето.



Видете следно

Саем на венчавки 2020: Раскош и безвременска убавина во новата колекција венчаници на Елена Лука

Со модна ревија на венчаници од повеќе домашни дизајнери и модни куќи, вечерва беше отворен …