Продажбата на Huawei стигна 19%


Huawei во моментов, доживува сериозна продажба, што ја става меѓу лидерите на глобално ниво како Apple, Samsung и други.

Кинескиот производител на телекомуникациска опрема за мрежно поврзување забележа 19% раст на продажбата при што стигна до 21,9 милијарди долари за првите шест месеци од годината, јави “Би-Би-Си”.

Во последните години компанијата влегува и на брзорастечките пазари со нагласување на производството на Smartphones. Во моментов Huawei е еден од најголемите производители на “паметни” телефони во светот.

Во првиот квартал на годината компанијата доставувала околу 13,7 милиони смартфони, што ја става на трето место меѓу најголемите даватели на мобилни уреди на глобално ниво. Од таму сепак не ги откриваат најновите информации за продажбата.

Финансискиот директор на фирмата – Кети Менг, вели дека “компанијата постигнала квалитетен и одржлив раст благодарение на зголемувањето на познавање на брендот и продадените паметни уреди во целиот свет”.

 


Видете следно

Каракачанов: не значи дека Бугарите треба да бидат нарекувани фашисти

Бугарската власт и цар биле сојузници на Германија и Хитлер, но тоа не значи дека …