Продажните цени на индустриските производи во ноември лани повисоки за 0,4 отсто на годишно ниво


Во ноември 2020 година продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно се повисоки за 0,3 отсто на месечно ниво, а за 0,4  отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во ноември 2020, во споредба со октомври 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1,5  проценти, во Преработувачка индустрија за 0,3 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 1,1 процент.

Според ДЗС, во ноември 2020, во однос на ноември 2019, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3,1 процент, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 4,4 проценти. Во секторот Преработувачка индустрија се непроменети.лв/дма/

Скопје, 12 јануари 2021 (МИА) 


Видете следно

Битиќи на отворањето на OECD центарот во Истанбул: Предизвиците да ги претвораме во можности

Да се бориме заедно против корона пандемијата, а предизвиците да ги претвораме во можности, порача …