Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар остануваат непроменети на месечно ниво


Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар остануваат непроменети на месечно ниво, а се повисоки за 0.9 % на годишно ниво.

Во февруари 2018, во споредба со јануари 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар остануваат непроменети во групите Енергија и Трајни производи за широка потрошувачка.

Во февруари 2018, во споредба со февруари 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Капитални производи за 4.2 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.9 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 1.6 %, и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.6 %.


Видете следно

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ КУПИ КУЌА КУПИ СТАН

Градежната комора на  Македонија го поддржува проектoт  Купи куќа купи стан од самиот почеток на неговата …