Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, се пониски за 1.0 % на месечно ниво


Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, се пониски за 1.0 % на месечно ниво, а за 0.5% на годишно ниво.

Во јули 2018, во споредба со јуни 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 0.7 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 0.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.7 %.

Во јули 2018, во споредба со јули 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија 7.5 % и Капитални производи 0.4 %.


Видете следно

Премиерот Спасовски и министерката Апостолска ја посетија фабриката „Актива“

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски и министерката без ресор задолжена за …