Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 1.9% на годишно ниво


Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.4% на месечно ниво и за 1.9% на годишно ниво.

Во јануари 2018, во споредба со декември 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 1.4%, Енергија за 1.1%, Интермедијарни производи, освен енергија за 0.2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.2%.

Во јануари 2018, во споредба со јануари 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 6.5%, Капитални производи за 1.8%, Трајни производи за широка потрошувачка за 1.7%, и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.6%.


Видете следно

Немањето побарувачка има најголемо влијание врз ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност

Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во …