Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 0.2 % за разлика од лани


Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2018, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 0.2 % на месечно ниво, а се повисоки за 1.6 % на годишно ниво.

Во април 2018, во споредба со март 2018, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5.8 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0.4 %.

Во април 2018, во споредба со април 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 7.4 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 1.0 %.


Видете следно

КСС со тридневна обука за безбедност и здравје при работа

Денес на 26.01.2021, Конфедерација на слободни синдикат на Македонија – КСС заедно со Македонското здружение …