Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски за 0.5 % на месечно ниво, а се повисоки за 2.5 % на годишно ниво


Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски за 0.5 % на месечно ниво, а се повисоки за 2.5 % на годишно ниво.

Во мај 2019, во споредба со април 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 2.9 % и во секторот Преработувачка индустрија за 0.2 %.

Во мај 2019, во споредба со мај 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 9.8 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 3.9 %.


Видете следно

Eкономската состојба на деловните субјекти во второто тримесечје од 2019 година е понеповолна во однос на претходното тримесечје

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во …