Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се повисоки за 1.1 %


Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се повисоки за 1.1 % на месечно ниво, а за 3.0 % на годишно ниво.

Во јули 2019, во споредба со јуни 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3.1 % и во секторот Преработувачка индустрија за 0.9 %.

Во јули 2019, во споредба со јули 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 14.0 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 4.8 %.

 


Видете следно

Заев пред студентите на УКИМ: Безбедноста и стабилноста на земјата со членството во НАТО се основа за дополнителен економски раст и развој

На Филозофскиот факултет во Скопје на УКИМ вчера се одржа последната од низата трибини на …