Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки на месечно ниво за 0.2 %


Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки на месечно ниво за 0.2 %, а се пониски за 0.9 % на годишно ниво.

Во ноември 2018, во споредба со октомври 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3.2 %, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0.1 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.4 %.

Во ноември 2018, во споредба со ноември 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 11.0 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.7 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0.1 %.


Видете следно

Eкономската состојба на деловните субјекти во второто тримесечје од 2019 година е понеповолна во однос на претходното тримесечје

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во …