Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки на месечно ниво за 0.7 %


Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки на месечно ниво за 0.7 %, а за 1.2 % на годишно ниво.

Во март 2019, во споредба со февруари 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1.8 %, во секторот Преработувачка индустрија за 0.6 %, а се пониски во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.5 %.

Во март 2019, во споредба со март 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 6.8 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2.5 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 2.2 %.


Видете следно

Градот Скопје денеска го затвора јавниот повик за субвенционирање на купувањето велосипеди за 2019 година

Градот Скопје ги информира граѓаните дека денеска го затвора јавниот повик за субвенционирање на купувањето …