Продолжен притворот на Јордан Камчев


Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, донесе решение со кое ја продолжи за 30 дена мерката притвор за лицето Јордан Камчев поради постоење на околностите од член 165 ст.1 т.1 од ЗКП.

– Заради интерес на медиумите кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, донесе решение со кое ја продолжи мерката притвор за лицето Ј.К за 30 дена, поради постоење на околностите од член 165 ст.1 т.1 од ЗКП, се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.


Од Судот, информираат дека се работи за предметот во јавноста познат како „Плацеви на Водно”, по кој е поднесено обвинение и е во фаза на оценка на обвинителен акт. аа/дма/

Скопје, 11 јуни 2021 (МИА)


Видете следно

Министерката Шахпаска на Вин-Вин: Намалувањето на времетраењето на договорите на определено време е дел од промените со новиот системски закон за работни односи

„Законското решение во делот на пензионирањето кое влезе во процедура уште од почетокот на октомври …