Breaking News

Продолжува кампањата против корупцијата „Бидете херои на чесноста“


Предавања во рамки на промотивната кампања за борба против корупцијата „Бидете херои на чесноста“ ќе се одржат денеска основните училишта „Браќа Рамиз – Хамид” во Општина Шуто Оризари и „Војдан Чернодрински“ во Општина Карпош, со учество на Билјана Ивановска, претседателка на Државна комисија за спречување на корупција.


 Преку кампањата учениците и ученичките се едуцираат за поимите интегритет и корупција, сé со цел да ја подигнеме свеста кај нив за штетните ефекти од корупцијата, како и да создадеме антикорупциско движење во земјава кое би придонело за општество со нулта толеранција за корупција.


Оваа кампања на Државната комисија за спречување на корупција е дел од активноста за анти-корупција и интегритет, која ја спроведува Канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС, а е финансирана од УСАИД.

лв/вг/  .


Извор: МИА