Продолжува падот на еврото и фунтата во однос на доларот


На почетокот на тргувањето со девизи денеска, американскиот долар продолжи да поскапува во однос на еврото, фунтата и јенот во пресрет на дводневниот состанок на Федералните резерви на САД, што почнува утре.

Инвеститорите се фокусираат на предвидувањата на ФЕД за тоа кога да очекуваат зголемување на краткорочните каматни стапки, јави Си-Ен-Би-Си. Според главниот економист на Action economics, Мајк Ингланд, претседателот на ФЕД, Џером Пауел „нема да сака да збриува за тоа, но теренот за дискусии ќе биде подготвен летоска”.


Покрај тоа, некои аналитичари очекуваат регулаторот да ја ревидира својата прогноза за БДП по усвојувањето на новиот стимулативен пакет од 1,9 трилиони долари.

Членови на Федералниот комитет за отворен пазар може да донесат одлука дека стапките треба да се зголемат порано отколку што се очекуваше во декември минатата година, велат аналитичарите на АНЗ. Кинескиот јуан малку се промени во однос на доларот.

Економската активност на Кина се зголеми во периодот јануари-февруари 2021 во споредба со минатата година истиот период.

Обемот на индустриското производство во првите два месеци од оваа година беше за 35,1 отсто поголем отколку во јануари-февруари минатата година. ссм/зш/

Њујорк, 15 март 2021 (МИА)


Видете следно

АД ЕСМ понуди пониска цена за електрична енергија од лани

Државната енергетска компанија АД ЕСМ понуди најниска цена од 36,1 евро за мегават час на …