Продолжува променливото време! Еве какво време не очекува


Денес времето во Македонија ќе биде умерено облачно и релативно топло со сончеви периоди. Во попладневните часови можен е локален краткотраен дожд.

Ќе дува умерен ветер претежно од западен правец.

Температурата ќе се движи од 15 до 23 степени.

Во вторник (17.05.2016) поради продор на влажен и постуден воздух од север се очекува промена на временската состојба во Македонија.

Промената на времето повеќе ќе се осети во попладневните часови кога облачноста ќе се зголеми и ќе повремени локални врнежи од дожд. Можна е и ретка појава на грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој ќе услови пад на температурите особено во вторник во вечерните часови и во текот на ноќта кон среда.

Не се исклучува можноста во вторник доцна попладне и навечер на највисоките планински врвови (над 2000 м.н.в.) да провејува слаб снег.

Температурата во вторник ќе се движи од 12 до 20 степени. Во вечерните часови ќе опаѓа, пишува meteo24.mk.


Видете следно

Хакирани веб страниците на министерствата за здравство и за образование

Веб страниците на министерствата за здравство и за образование и наука се хакирани и не …