Проект на Google ја загрозува кабелската телевизија


Технолошкиот гигант Google планира да лансира интернет сервис кој ќе им овозможува на корисниците да гледаат достапни ТВ канали со можност за самостојно формирање на програма на ТВ емитување.

Компанијата веќе води преговори со добавувачи на содржина за реализација на услугата, соопшти Wall Street Journal.

Услугата на Google ќе им обезбеди пристап преку интернет до традиционални телевизиски канали, а истовремено ќе им овозможува на корисниците да состават програми на ТВ емисии.

Компанијата ќе се сретне сепак со тешкотии при преговорите со давателите на содржина за пониски цени на крајните корисници кои ќе го стимулираат преминот од кабелска кон интернет телевизија.

Според експертите ваквата услуга може да го промени засекогаш пазарот на телевизија и да го загрози постоењето на кабелска телевизија, која дури и во моментов има тешкотии и потешко ги задржува корисниците.

Google не е единствената компанија која решила да пушти платена интернет телевизија. Слични проекти планираат и компании од рангот на Apple, Sony и Intel.


Видете следно

Хорор за време на летот Келн – Скопје: Погледнете што се случувало во авионот

На вчерашниот лет од Келн кон Скопје се случија големи турбуленции. Како што дознава порталот …