Проекти во вредност од 4 милиони евра се реализираат Преку програмата за работа на Источно-планскиот регион


Берово, 11 септе4мври 2020 (МИА) – Вкупно 31 проект во вредност од близу 4 милиони евра во моментот се реализираат преку Програмата за работа на Источно-планскиот регион. Драгица Здравева која раководи со Центарот за развој на Источно-планскиот регион на денешната 16-та седница истакна дека дел од проектите се целосно завршени додека останатите се очекува д бидат завршени најдоцна до мај 2021 година.
-Во моментот во фаза на имплементација се проекти со вкупна вредност од вкупно 247 милиони денари. Некои од проектите зе целосно завршени, финансиски затворени, меѓутоа имаме проекти кои се во фаза на реализација и кои ќе продолжат да се реализираат во наредниот мандат. Јас се надевам дека до мај 2021 година и тие ќе бидат завршени. Во меѓувреме нашите сили се насочени кон програмата за новиот програмски период, каде што ќе бидат назначени прироритетните проекти кои ќе се финансираат од Националниот буџет за 2021 година, рече Здравева.
Како што додаде Здравева општините во наредниот период ќе се фокусираат на изработка на квалитетни предлози за проекти, кои во иднина ќе се реализираат преку Форуми во заедниците за чија реализација повторно ќе одлучува Советот за развој на овој регион.
Домаќин на денешниот настан беше Општина Берово чиј градоначалник очекува до крајот на месецот да започне реализацијата на проектот за доградба на Третата ламела од Домот за стари лица кој се реализира преку Центарот за развој на Источно-планскиот регион.
-Врз основа на информацијата која беше споделена на 16-тата седница на Советот за развој на Источно-планскиот регион, добивме информација дека во тек е постапката на жалби, по што се очекува до крајот на месецот да биде склучен договор за реализација на проектот, а со тоа и изведувачот да биде воведен во работа, рече Пекевски.
Новоизбраниот претседател на Советот за развој на Источно-планскиотрегион, заменик градоначалникот на Штип, Јане Миланов додаде дека како претседател ќе се залага да ги продолжи започнатите проекти кои се под особена важност за целиот регион.

Видете следно

„Зошто се важни вашите пари?” – регионална кампања за родово-одговорно буџетирање

„UN Women” во Северна Македонија ја започна кампањата „Зошто се важни вашите пари?”, како дел …