Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива беше домаќин на два форуми


Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива беше домаќин на два форуми – еден во Тетово и еден во Скопје – на кои се дискутираше за предизвиците со кои се соочуваат домашните компании при ангажирање квалификувани работници во Северна Македонија. Форумот се осврна на новите мерки за зголемување на вработеноста и квалификациите на младите професионалци кои влегуваат на пазарот на трудот. Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија за економски прашања, Гречен Биркл, вршителка на должност претставник на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија, и Неби Хоџа, претседател на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија имаа воведни забелешки на форумот во Скопје.

Во нејзиниот говор, Гречен Биркл ја препозна важноста за развојот на заеднички решенија преку јавниот-приватен дијалог. Таа истакна: “Фактот што и приватниот сектор и владата го идентификуваа развојот на работната сила како главно прашање, претставува можност да ги употребиме нивните компаративни предности и да ги примениме на проблеми кои не би можеле да ги решаваат самостојно”. Таа додаде: “Сакаме да му се заблагодариме на Министерството за труд и социјална политика за нивната отвореност да бидат ко-креатори на пазарно-ориентирани решенија. Заедничкиот напор со коморите за правната рамка за практикантство е добар пример за тоа како јавно-приватни решенија можат да им служат на интересите на бизнис заедницата, граѓаните и владата на Северна Македонија “.

Претставниците од владата, приватниот сектор и академијата ја препознаа неодложната потреба за квалификувани работници, се согласија за реформата во образованието и за преквалификација на млади професионалци како потенцијални решенија. Миграцијата е сериозен проблем кој ја менува понудата на работна сила и ја зголемува неусогласеноста со побарувачката на труд во Северна Македонија. Висококвалификуваните работници, како што се ИТ експерти, медицинскиот персонал и инженерите, емигрираат во поразвиените земји за подобро платени работни места. Овие предизвици можат да се решат преку заеднички напори на владата и приватниот сектор.

Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива го спроведува „ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал“ во партнерство со Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија. Досега Проектот беше активен во делот на подобрување на регулативата за работните односи, вклучувајќи го подготвувањето на новиот Закон за практикантска работа, кој во моментов е во процес на усвојување во парламентот.

Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива, изработи и девет позициони документи како заеднички став на коморите за работните односи кои се доставени до соодветните надлежни органи, и ќе продолжи со објави на статии, анализи и препораки на порталот biznisregulativa.mk.



Видете следно

Димковски: Со конкретни мерки ги поддржуваме малите производители на традиционални земјоделски производи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска присуствуваше на отворањето на прв „Слоуфуд …