Проекции на европски филмови во рамки на „Beach Film Festival“


Во рамки на Европскиот филмски предизвик, на годинешното издание на „Beach Film Festival“, од 21 до 25 јули на плажата Горица 3 на Охридското Езеро ќе се реализира уникатно филмско доживување, со европски филмови.

Во официјалната селекција се вклучени 14 краткометражни и пет долгометражни филмови, меѓу кои „Honey Cigar“, „Moon“, „66 Questions“, „Human Factors“, „Sexfish“ и „Jedini Izlaz“.


Фестивалот како и секоја година ќе го затвори специјална проекција на македонски филм, а за ова издание тоа е филмот Homo (2020) на режисерот Игор Иванов Изи. Сите проекции на четврттото издание на „Beach Film Festival“ се бесплатни и се прикажуваат на плажата Горица 3, покрај прекрасното Охридско Езеро, каде сите филмофили и љубители на европските филмови можат да уживаат во гледањето на филмови од европската кинематографија.

Како што посочуваат организаторите, љубителите на европскиот филм можат да се вклучат во предизвикот со регистрација на „https://europeanfilmchallenge.eu/mk“ и за секој гледан долгометражен филм на овогодинешното издание на „Beach Film Festival“ да освојат дополнителни 40 поени.

Европскиот филмски предизвик е иновативна дигитална платформа што ја поврзува најголемата заедница на љубители на европскиот филм и ја промовира европската кинематографија.

Во нашата држава проектот го имплементира Центарот за социјални иновации Блинк 42 – 21 заедно со европски партнери во девет држави преку поддршка на програмата на МЕДИА- Креативна Европа и Европската филмска индустрија.

-Ова лето е лето на љубов и европски филмови. Уживајте во европската кинематографија, учествувајте во третиот #EuropeanFilmChallenge_МК, собирајте поени и следете ги профилите на социјалните медиуми Facebook и Instagram, соопштија организаторите.


Видете следно

Утре градот Скопје ќе прска против ларви од комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на ден 30.07.2021 година (петок) ќе се прска против …