Програмата за мали грантови повторно отворена за градинките членови во националната мрежа на еко градинки


Како дел од интернационалната програма „Еко градинка“, ОХО ве известува дека „Програмата за мали грантови“ повторно е отворена за градинките кои се членови во националната мрежа на еко градинки. Целта на „Програмата за мали грантови“ е да се промовира заштитата на животната средина преку поттикнување на еко градинките да развијат и имплементираат практични еколошки проекти на темите: енергија, вода, управување со отпад и чист воздух.

„Програмата мали грантови“ за поддршка на еколошки проекти за еко градинки со зелено знаме оваа година се реализира со поддршка на Делегацијата на Европската Унија и е дел од кампањата „ЕУ за ТЕБЕ“ во рамките на темата животна средина со цел справување со загадувањето и обезбедување на „чиста животна средина за сите“.

Право на учество во „Програмата за мали грантови“ имаат еко градинките, кои се наградени со статусот за зелено знаме во учебната 2015/2016 или 2016/2017 година, со испраќање на еден предлог проект кој ќе обработува една од понудените теми. Предлог проектот треба да нуди практични решенија за подобрување на условите за престој и работа во градинката, преку мали инфраструктурни зафати или набавка на опрема, но истовремено ќе треба да биде проследен со едукација на децата за направените промени и придобивките за животната средина.

Пристигнатите предлог проекти ќе бидат оценувани врз основа на веќе определени критериуми, како што се: иновативност и одржливост на проектот, како и да бидат во согласност со методологијата на седумте чекори еко менаџмент и едукативните цели на самиот проект. Согласно критериумите од повикот ќе бидат поддржани вкупно 9 (девет) еколошки проекти, кои ќе добијат финансиска поддршка од 1000 евра, 700 евра или 500 евра.

Предлог проектите се испраќаат исклучиво преку електронска порака на eko-mreza@mon.gov.mk најдоцна до 03.03.2017 година.


Видете следно

Народната банка е добитник на наградата на „Комерцбанк“ за 2019 година, за одличен квалитет при обработката на комерцијалните плаќања и финансиските трансфери

Народната банка е добитник на наградата на „Комерцбанк” за 2019 година, за одличен квалитет при …