Прогресивен данок – за кого и од кога ?


Кој ќе биде оданочен со повисока стапка, дали вработен што има 1 000 евра месечни примања е богат, колку и како со ова решение ќе бидат засегнати хонорарците и на крајот какви ќе бидат буџетските ефекти од зголемената стапка на персоналецот. Според дел од економистите потребно е да се одговорат бројни прашања пред да се посегне по прогресивно  оданочување.

“Зголемувањето на перосналниот данок на парг од 1000 евра е тажно, доколку навистина се размислува за оваа граница на месечни примања. Во оваа група влегуваат ИТ менаџери, лекари, професори. Тоа не се богати луѓе, и каква ќе биде пораката до нив доколку се зголеми данокот:” Вие сте богати”? Овој пристап директно ќе придонесе да се зголеми одливот на оваа категорија на професии во странство, кои и сега масовно ја напуштаат земјата” – вели за Порталб, економскиот консултант Горан Рафајловски.

Смета дека треба да постои даночна правдност, богатите да плаќаат повеќе, но посочува дека најпрво треба да се направи анализа за да се утврди кои луѓе се богати , но и да се намали перосоналецот за оние со пониски примања.

“Според мене, треба да раговараме за три стапки на даночно оптовраување. Вработените со најниски примања, до 25 000 денари,  да плаќаат 6% персоналец, втората група да ја сочинуваат оние со примања од 25 000 до 200 000 денари со даночна стапка од 12% и третата група, со примања повисоки од 200 000 денари да плаќа персоналец од 18%. Мора да се земе предвид  дека данкот на добивка, заедно со персоналниот данок, се ниско приходни даноци, па оттука и да се постави прашањето каков ефект ќе се постигне ако се зголеми данокот на оние со примања повисоки од 1000 евра, а такви се само 2% од вработените” – вели за Порталб економистот Рафајловски.


Видете следно

Ангеловска: Сега повеќе од било кога мораме да ја зајкнеме борбата со сивата економија

Мој ДДВ веќе брои над 315.000 корисници. Барајте ги вашите сметки и скенирајте ги – …