Прогресивен данок – за кого и од кога ?


Повисоки плати за војската и образованието ….

Буџетот за 2018 година носи добра вест за Армијата, образованието и здравството. Платите во овие сектори ќе се зголемат. Конкретно, за војската најавено е зголемување на месечните примања за 10 отсто, додека за вработените во здравството, лекарите и медицинските сестри, како и вработените во образованието, растот на платите догодина ќе изнесува 5 отсто. Предлагачот вели дека со зголемување на платите се започнува од сектори кои се основа на секое општество, и со овој аргумент ја брани одлуката во оваа фаза да бидат иземени други сектори.

Но,  овие најави ги кренаа на нозе дел од синдикатите. Од УПОЗ, синдикатот на правосудните органи и администрација сметаат дека парцијалното покачување на платите го зголемува револтот кај другите сектори.

“Креаторите на Буџетот најверојатно заборавиле дека платите на судската и обвинителската служба, не само што не се зголемени последниве години, туку им е скратено и законското право на исплата на надоместоци на плата. Од овие причини во 2016 година имаше штрајк од 60 денови. Слична е состојбата и со вработените во Казнено – поправните установи, шумската, затворската и судската полиција” – велат од УПОЗ.

Реагираше и Самостојниот синдикат на клинички центар од каде побараа средба со ресорниот министер, со став дека порастот на платите во здравството за 5% е незначителен .

“Синдикатот на Клиничките центри смета дека предложениот буџет за 2018 година во делот за платите на вработените во јавното здравство, претставува дополнителен поттик за одлевање на докторите, медицинските сестри и останатиот персонал вработен во јавните здравствени установи”, беше нотирано   од Самостојниот синдикат на клиничките центри

Реакција имаше и од Синдикатот на култура, од каде велат:

“Потценувачки и поразително е, носителите на дејноста во културата на Република Македонија, во 21-от век, да земаат пониски плати од просечната нето плата на ниво на Република Македонија””

Повисоки плати побараа и од Македонскиот полициски синдикат од каде, повикувајќи се на владина одлука од април, 2015 година, бара ветените зголемувања да им се исплатат на полицајците до крајот на годинава или да се направат измени на буџетот за следната година со кои би се овозможило тоа. Годишно од буџет во изминатите години се трошеa по околу 400 милиони евра.


Видете следно

Ангеловска: Сега повеќе од било кога мораме да ја зајкнеме борбата со сивата економија

Мој ДДВ веќе брои над 315.000 корисници. Барајте ги вашите сметки и скенирајте ги – …