Breaking News

Произведени 16.603 мегават часови струја, целосно задоволени домашните потреби


АД ЕСМ вчера произведе 16.603 мегават часови електрична енергија, со што, како што информираат од Владата, целосно ги задоволила потребите на домаќинствата и малите потрошувачи и потребите за дополнителни снабдувања за училиштата, прехранбената индустрија и други витални држави субјекти.


Притоа, како што посочуваат, во термоелектраните произведени се 12.225 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 4.378 мегават часови електрична енергија. дма/бак/