Произведени 16.704 MWh електрична енергија, домаќинствата и дополнителните снабдувања се целосно задоволени со електрична енергија од капацитетите на ЕСМ


Скопје, 22 јануари 2023 (МИА) – АД ЕСМ на 21.01.2023 година произведe 16.704 MWh електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти, соопшти владината прес-лсужба.


Во Термоелектраните произведени се 13.273 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.431 MWh. нд/