Breaking News

Произведени 19.942 мегават часови струја, целосно задоволени домашните потреби


АД ЕСМ вчера произведe 19.942 мегават часови електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти, информираат од Владата.


Притоа, како што посочуваат, во термоелектраните произведени се 14.845 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 5.097 мегават часови електрична енергија. дма/са/