Breaking News

Производството на електрична енергија во Бугарија се зголемило за 5,70 отсто во 2022 година во споредба со 2021 година


Производството на електрична енергија во Бугарија е зголемено за 5,70 отсто за периодот од 1 јануари 2022 до 31 декември 2022 година во однос на 1 јануари 2021 година до 31 декември 2021 година, покажуваат податоците од најновиот оперативен извештај за енергетскиот биланс (ESO), објавено на страницата на операторот.


Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.   


За 2022 година е пријавено производство на електрична енергија во износ од 50.421.705 мегават часови, додека за 2021 година 47.700.415 мегават часови.

Потрошувачката на електрична енергија во земјава е намалена за 1,81 отсто за 2022 година во однос на 2021 година. За изминатата година таа изнесуваше 38.176.875 мегават часови, додека во 2021 година потрошувачката беше 38.881.406 мегават часови, покажува и статистиката на ЕСО.


Податоците покажуваат дека за периодот 1 јануари 2022 – 31 декември 2022 година, во однос на 1 јануари 2021 година – 31 декември 2021 година, салдото (извоз-увоз) е зголемено за 38,85 отсто.

Учеството на базните постројки за изминатата година е за 8,87 отсто поголемо од 2021 година. Во 2022 година базните централи произвеле 42.857.212 мегават часови електрична енергија, додека една година претходно електричната енергија од нив била 39.364.340 мегават часови.


Учеството на обновливите извори на енергија (ОИЕ) во преносната мрежа е зголемено за 22,66 отсто за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година во однос на истиот период од 2021 година. Дополнително, учеството на ОИЕ во дистрибутивната мрежа е зголемено за 13,25 отсто.

Намалување на електричната енергија произведена од хидроцентралите е забележано – 25,75 отсто за периодот 1 јануари – 31 декември 2022 година во однос на 1 јануари – 31 декември 2021 година, се наведува и во извештајот на ЕСО.